Новинар тајно се вработил во фабриката на Ајфон: Таму е како во затвор
Доколку сонувате за работа во просперитетната телекомуникациска компанија, погледнете го искуството на еден Кинез кој се вратил во фабриката на Ајфон.
Кинескиот студент по новинарство од Њујорк, Деијан Зенг претходното лето го поминал на тајна работа во фабриката на Ајфон во Кина. Зенг бил на тајна задача и открил поради што производството на популарниот модел на телефон нема да се врати во САД.
Работел шест недели, главно работејќи ноќни смени од 12 часа, секој ден освен недела, во фабриката на компанијата Пегатрон, еден од производните партнери на гигантот Apps. Работата му се состоела од вградување на делови во мобилните телефони.
За тоа имал една необична причиња: истражува кое го спроведувале заедно Универзитетот во Њујорк и здружението China's Labor Watch.
До истражувањето е дојдено бидејќи здружението во Кина, имало сознание дека можело да дојде до противење кај работниците поради условите за работа во фабриката.
По враќањето во САД, Зенг во интервју за CNBC го пренесе своето искуство.
На темелот на тоа искуство заклучил дека, покрај плановите на претседателот на САД, Доналд Трамп, практично е невозможно американските работници да го преземат производството на iPhone и сличните електронски уреди.
А како воопшто добил работа во кинеска фабрика?
„Само се појавив. Ми дадоа адреса и отидов таму. Кога стигнав, видов луѓе како стојат со багаж во вториот ред, па и јас застанав таму. Кога дојдов на ред, ме прашаа за лична карта, да им ги покажам рацето и да ја изрецитирам англиската азбука. Потоа ја добив работата. Ми требаа помалку од 30 секунди. Не треба формално да се пријавите за работа, ниту да имате било какви вештини“ - вели Зенг, кој додава:
„Во фабриката добивав плата од 450 долари“.
Зенг смета дека е невозможно ваков режим да се примени во САД, бидејќи ниту еден американски работник не би прифатил работа за таква плата.
Според некои снимки, направени во оваа фабрика, нејзиниот екстериер повеќе потсетува на затвор, отколку на фабрика, окружен со мрежи кои спречуваат самоубиство на работниците.
Меѓутоа, многумина сметаат дека со самото тоа што Кина станува се повеќе економски јака, наскоро ваквите услови за работа ќе бидат неприфатливи, што ќе значи пренесување на производството таму каде што на индустрискиот гигант повеќе ќе му се исплати.