Спорт // Спорт
Новинарите го избраа најдобриот играч во Премиерлигата
Професионалните фудбалски новинари во Англија го избраа најдобриот играч за сезоната 2021/22.
Според ова здружение на новинари, најдобар играч за сезоната 2021/22 во Англија е Мохамед Салах.
Салах доби вкупно 48% од гласовите, игра во суперформа, запиша 20 гола сезонава, одличен е и по бројот на асистенциите каде има најдобар ефект во лигата.
Кевин де Брујне од Манчестер Сити е втор на листата, третопласиран е играчот на Вест Хем, капитенот Деклан Рајс.