Новиот машки парфем на Луј Витон: Прескап, ама единствен
Свеж машки мирис за совршени летни денови
Проширувајќи ја својата палета на мириси, Луј Витон сега лансира нов парфем наречен Имагинација. Доаѓајќи во транспарентно сино шише, мирисот содржи свежи ноти, идеални за летната сезона.
„Пет години сонував да ја откријам убавината на амбрата и да го изразам значењето на нејзините состојки на начин што е погоден за тој момент, без никаква носталгија“, објаснува парфимиерот на Луј Витон, Кавалиер Белетруд.
Инспириран од бесконечноста на имагинацијата, парфемот ја илустрира апстрактната визија за истражување на светот и поместување на границите. Со главните ноти на килибар и црн чај, мирисот содржи калабриски бергамот, портокал и сицилијански кедар, што му дава врвен летен вкус. Нигерискиот ѓумбир и цемелот додаваат малку зачин на целата приказна, завршувајќи ја беспрекорната композиција.
Со цена што се движи од 283 долари за 100 ml, или 438 за 200 ml, парфемот Imagination е веќе достапен.