Новиот парфем на Луи Витон: Со најретка состојка од рајското дрво
Ако сте љубител на парфеми, ентузијаст или вистински познавач и уживате во сите мирисни композиции претставени од Луј Витон, новитетот кој го лансираа едноставно ќе ве воодушеви ...
Станува збор за Pur Oud, досега најскапиот мирис со потписот на оваа марка, кој содржи висока концентрација на ретка природна состојка и ќе биде достапен во ограничено издание од само 2.000 шишиња. Како што сугерира неговото име, парфемот се состои скоро целосно од кора на таканареченото рајско дрво.
Цената на парфемот се заснова на реткоста и умерената достапност на рајското или скарлетно дрво.. Овој тип дрвја, кој се скоро целосно проголтани од габи, се познати и како најскапи суровини, природен материјал, поради што се навистина ценети во индустријата за мириси.
Луј Витон Пур Уд содржи чудни карактеристики од главна состојка, што претставува скоро 10% од формулата, во комбинација со два бели мошуса - овошен Хелветолид и нежен Амбретолид. Мирисот има карактеристични дрвени ноти со зачинети акценти.
Коментирајќи за мирисот, главниот парфемер на брендот Луј Витон, Кавалиер Белетруд, рече: „Сакав да им понудам на ентузијастите можност да почувствуваат вистинско рајско дрво, што е ретко, без да го сменам мирисот со дополнителни ноти.
Инаку парфемот е унисекс.