Новиот план нема да му се допадне на кралското семејство: Меган Маркл може да заработи милиони од ова
Новиот план нема да му се допадне на кралското семејство: Меган Маркл може да заработи милиони од ова
Иако соработките со Нетфликс и Спотифај не го донесоа очекуваниот успех, војвотката од Сасекс сега има нов деловен план, за кој се шпекулира веќе подолго време, а кој може да ѝ донесе одлична заработка.
Меган Маркл се подготвува да се врати на социјалните мрежи, а експертите велат дека би можела да заработи милиони и да стане една од најплатените инфлуенсери.
Сите во Холивуд моментално зујат за враќањето на војвотката на Инстаграм.
Новиот Инстаграм профил едноставно наречен „Меган“ не престана да ја интригира јавноста откако се појави на популарната социјална мрежа, а следбениците на тој профил се убедени дека поранешната ѕвезда на Suits се враќа на Инстаграм. Војвотката, чија последна сметка со сопругот принцот Хари, @sussexroyal, имаше 9,4 милиони следбеници пред да биде деактивирана во 2020 година кога парот престана да биде активен во кралското семејство, се вели дека стои зад новиот профил под името @meghan.
Украсена со фотка од розови божури, наводно омилениот цвет на Меган, добро информиран извор близок до нејзиниот тим потврди оваа недела: „Да, тоа е таа. Очекувајте објава многу наскоро. Таа се враќа“.
Сметката веќе ја следат неколку стари пријатели на Меган, вклучително и активистката Мандана Дајани, која до минатиот декември беше претседател на Арчевел, медиумска и филантропска куќа со седиште во Сасекс.
„Сите во Холивуд зборуваат дека повторното лансирање е неизбежно. Меган никогаш не го криела фактот дека сака да се врати на Инстаграм“, рекол изворот.
Меган првпат ги објави своите планови да се врати на Инстаграм во интервју за The Cut минатата година, велејќи ѝ на писателката Алисон Дејвис: „Сакаш да знаеш тајна? Се враќам на Инстаграм“.
„Новиот“ профил на војвотката веќе има 76.000 следбеници и експертите велат дека тоа би можело да биде голем поттик за нејзините финансии.
„Мислам дека враќањето на Меган на Инстаграм нема да изненади никого. Таа има нов менаџер за таленти и ова е следниот логичен чекор. Би очекувал брзо да стане една од најследените на Инстаграм. Имате познати личности како Кардашијан кои можат да заработат милион долари за една објава која промовира некој производ. Нема причина Меган да не може да заработи такви хонорари. Но, таа мора да внимава како војвотка да не го рекламира секој производ - треба да се фокусира на квалитетни брендови и куќи кои се во линија со нејзините политички и општествени убедувања“, објасни експертот за социјални медиуми Ерик Шифер.
Многумина се на мислење дека Меган би можела да стане една од десетте највлијателни инфлуенсери, главно поради тоа што е актерка, а и поради врските со кралското семејство.
На пример, брендот NuCalm, кој продава фластери против стрес, забележа огромен скок во продажбата откако војвотката беше фотографирана како го носи нивниот фластер на раката додека трчаше во близина на нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија.
Фото: Youtube - screenhsoot