Новите фитнес богови во Македонија: Незапирливи титани
За нештата да бидат онакви какви што ги посакуваме, најчесто е потребно многу труд и работа. Ништо не доаѓа преку ноќ, а за да се остварат одредени цели, најприсутни се волјата, желбата и упорноста.
Сиве овие работи се клучни доколку сакаме да
успееме, а битни се и во поглед на здравјето и обликувањето на нашето тело.
Фитнесот е една од „алатките“ за постигнување на завидни резултати. Но, ако
нема континуитет, трудот може да биде залуден. Фитнесот може да создаде чудо од
телото, а „чудото“ да предизвика позитивни реакции во очите на другите и
погледи... многу погледи!!! Тука клучна улога игра и исхраната, менталната
сила, послушноста...
Ние ви претставуваме тројца фитнес атлети кои изгледаат беспрекорно. Го примениле сето ова погоре кажано и дошле до степен на перфекција. Изгледаат убаво, набилдано, секој мускул им е правилно распореден, се облекуваат стилски... Имаат многу следбеници на социјалните мрежи и не се штедат да дадат добар совет.
Доктор Александар Стојменов е човек кој се грижи за вашето срце (по професија е кардиолог) но грижата за сопственото тело ќе ја видите од приложеното. Тој изгледа беспрекорно, има одличен тонус и балансирани мускули.
Филип Арсовски е
интересен и затоа што има релјефни тетоважи на одлично дефинираното тело.
Атрактивен, мускулест, супер сооднос на тежина и мускули.
Бојан Тодороски е личен фитнес тренер и изгледа моќно. Телото го довел до совршенство, постојано е активен, дава совети, тренира секојдневно и дисциплинирано.
Р.М.М.