Новите ВЕГАНСКИ патики на Адидас
Двете класични силуети сега се обновени со вегански материјали
Како дел од опсегот „Our Icons Go Vegan“, „ Adidas Originals “ претставува два класични модели на патики со нови вегански промени. Самба и Континентал 80 се силуети кои сега се направени од рециклиран полиестер.
Континентал 80, исто така, содржи EVA пена заснована на алги во ѓонот. Како додадена нота, производството на овој материјал, наводно, помага во чистење на водите и морската околина.
Сите патики се 100% вегански бидејќи сите материјали што се користат при нивното производство не содржат животински состојки. На овој начин, „Адидас“ покажува дека патиките можат да се создадат без да се повредуваат и злоупотребуваат животни и без нивни материјали. На овој начин, отпадот од пластика, ткаенина и гума се рециклира и се добиваат нови, чисти производи кои помагаат да се исчисти нашата планета.