Ново револуционерно откритие: Витаминот К е корисен во борбата со коронавирусот
Холандски научници кај пациенти кои починале од Ковид-19 или биле примени во единицата за интензивна нега со дијагноза на болеста, откриле недостаток на витамин К, кој се наоѓа во спанаќот, јајцата и сирењето со благородна мувла, што предизвикува надеж дека промена во исхраната може да придонесе за борба против оваа болест.
Лекарите кои го проучувале развојот на болеста кај пациенти заразени со коронавирус во болницата Канисиј Вилхелмина во холандскиот град Нијмеген, откриле врска помеѓу недостаток на витамин К во организмот и смртта од ефектите на Ковид-19, пишува „Гардијан“.
Ковид-19 предизвикува згрутчување на крвта, што резултира во распаѓање на еластичните влакна во белите дробови, а витаминот К, кој се внесува преку храна и се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт, е клучен за производство на протеини кои го регулираат згрутчувањето и би можеле да ги заштитат пациентите од развој на потешка болест на белите дробови.
Холандските истражувачи ја доставиле студијата на преглед и сега бараат средства за започнување на клиничко испитување.
Д-р Роб Јансен, научник кој работи на проектот, вели дека, со оглед на првичните резултати од студијата, ќе поттикне што е можно поголем внес на витамин К, со исклучок на пациенти на лекови за згрутчување на крвта, како што е варфарин.
„Би советувал да земате витамин К како додаток. Дури и ако излезе дека не помага во борбата против оваа смртоносна болест, оваа хранлива материја е добра за крвните садови, коските и многу веројатно за белите дробови“, објасни тој.
"Витамини К1 и К2. К1 се наоѓаат во спанаќ, брокула, зелен лиснат зеленчук, боровинки и сите видови овошје и зеленчук. Телото го апсорбира К2 подобро, а го има во изобилство во холандски и француски сирења, т.е. тврди и сирења со благородна мувла. "
„Витаминот К2 е особено богат во традиционални јапонски јадења направени од ферментирана соја, натто, со карактеристична леплива структура и адстрингентен вкус, поради што ние дополнително ќе ги испитаме неговите здравствени придобивки“, рече тој.
Искуство од Лондон
„Соработував со јапонски научник кој работи во Лондон. Таа ми кажа дека во некои делови на Јапонија, каде жителите консумираат многу натто, нема пријавено смртност од Ковид-19“, додаде Јансен.
Истражувањето беше спроведено во соработка со Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Мастрихт, еден од најголемите европски институти за истражување на кардиоваскуларни заболувања. Истражувачите ја испитувале состојбата и развојот на болеста кај 134 пациенти хоспитализирани за Ковид-19 помеѓу 12 март и 11 април, заедно со контролна група од 184 постари пациенти кои не биле заразени со коронавирус.
„Нашата намера е случајно да избереме пациенти кои страдаат од Ковид-19 и да им препишеме плацебо терапија или терапија со витамин К, што е многу безбеден за употреба кај општата популација. Ќе им дадеме витамин К во високи дози што ќе активираат протеини многу важни за заштита на белите дробови и ние ќе се обидеме да утврдиме колку е ефикасен “, рече коавторот на студијата, д-р Јона Вок.