Тренд // Стил
Новото „бебе“ на Перо Антиќ: Кошаркарот знае како да поентира
Мажите сакаат
убави и скапи нешта, статусни часовници, добри парфеми, суперавтомобили...
Понекогаш, тоа не е за покажување доминација, туку едноставно за свој мерак. А,
кога нештата ни праваат ќеиф, тогаш сме задоволни!
Претседателот на македонската кошаркарска федерација, нашиот најдобар кошаркар на сите времиња Перо Антиќ од секогаш важел за човек со стил. И во однесување и во облекување и со нешта кои го прават задоволен.
На својот Инстаграм профил постираше фотографија со фантастичен Outlander мотоцикл. Изгледа совршено, во црна боја со зелен финиш и е одличен за овие летни денови. Плус, многу е издржлив и теренско возило, па не е проблем со него да се оди и на планина.Под фотографијата нашиша: „My baby“- моето бебе