Нудел улоги во замена за секс: Славниот оперски пејач обвинет
Повеќе жени покренале тужби против оперскиот пејач Пласидо Доминиго за обид на присилни секусуални односи, нудејќи им улоги...
Исто така, некои
од жените навеле дека поради непримерните коментари на Доминиго се чувствувале
непријатно, а повеќе од десетина луѓе од светот на операта изјавиле дека биле
сведоци на несоодветното однесување на познатиот пејач кон младите жени.
Доминиго на ваквите обвинувања одговори дека се длабоко вознемирувачки и неточни.
„Верувам дека сите мои разговори и односи биле добредојдени и обострано прифатени“ – изјави пејачот.
Седум од девет жени кои поднеле тужби изјавиле дека со самото одбивање на понудите на Доминиго, почувствувале дека тоа негативно влијаело на нивните кариери и дека никогаш не ги добиле улогите кои тој им ги ветувал.