Нутриционист открива: Еден дел од лубеницата делува како вијагра

Сезоната на лубениците е во полн ек, а скоро и да не постои човек кој не сака лубеница

Кората од лубеницата ја содржи аминокиселината цитрулин, која е одлична за здравјето на срцето и крвните садови, за подобра циркулација, а со тоа и подобар секс.

Во белиот дел од лубеницата - кората, има големи количини на витамини Б6, Ц, А, магнезиум, цинк и калиум.

- Во белиот дел на лубеницата има значителни количества цитрулин (по што го добила името лубеницата или обратно) кои реагираат со нашите ензими и произведуваат аминокиселина аргинин, за која знаеме дека има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем и ја зајакнува циркулацијата. Таа се однесува слично како вијаграта, но многу послаба, или би требало да јадеме многу големи количини од белиот дел од лубеницата за да го имаме истиот ефект како вијаграта - објаснува Оља Мартиниќ, нутриционист..

- Често јадеме лубеница. Меѓутоа, луѓето кои се дебели или избегнуваат храна со висок гликемиски индекс треба да користат лубеница како состојка во пијалакот за смуди и да додаваат јаткасти плодови заедно со црвениот и белиот дел за да добијат пијалак со умерен гликемиски индекс. Дефинитивно предлагам користење на висококвалитетен дел од лубеницата – додаде таа.


Фото: unsplash