Обезбедете заштита и ублажување на ризикот од несакани незгоди за вас и вашиот имот со CRO пакетите на Кроациа осигурување
Осигурувањето е начин на управување со ризиците. Кога купувате осигурување, ги пренесувате трошоците за потенцијалната загуба на осигурителната компанија во замена за надоместок, познат како премија.
Кој сѐ има потреба од осигурување? Буквално секоја индивидуа има потреба од некаков вид осигурување било за себе и своето здравје или пак за имотот кој го поседува. Зошто? Бидејќи во момент на непредвидена и несакана ситуација осигурувањето е еден вид заштитна мрежа која ги ублажува потенцијалните негативни последици. Секој од нас најмалку еднаш во животот бил советуван да обезбеди осигурување - здравствено, домаќинско, каско па дури и осигурување од незгоди и повреди. Но, честопати бегаме од полисите за осигурување, размислувајќи зошто би ми требало доброволно здравствено осигурување кога сум млада и здрава личност? Или, зошто ми треба каско осигурување за мојот автомобил, имам добри возачки способности? Наспроти ваквите размислувања, без оглед колку сме здрави, колку добро се снаоѓаме финансиски или колку добар возач сме, на сите ни треба осигурување.
Вашиот дом со сигурност спаѓа во највредните нешта што ги поседувате и претставува нешто во коешто е вложено навистина многу време, љубов, внимание и, се разбира, пари. Без осигурување, малку е веројатно дека ќе можете да си дозволите да ја поправите штетата што може да се случи во случај на пожар, поплава или кражба па затоа е толку важно. Домаќинското осигурување е инвестиција што ја преземате за да ги заштитите удобноста на вашиот дом и семејство.
Ова навистина изгледа како многу различни потреби и опции и делува сложено, но всушност не е така. CRO пакетите на Кроација осигурување нудат единствена можност да заштитите сѐ што ви е важно, одеднаш. Пакетите CRO Start, CRO Smart и CRO Superior вклучуваат различни комбинации на домаќинско осигурување, доброволно здравствено осигурување, каско осигурување на патнички автомобил и осигурување од незгода, како и дополнителни гратис можности, од кои може да се избере токму она што вам највеќе ви одговара за врвна осигурителна заштита за вас и вашето семејство, домот и возилото.