Сетилото за мирис е тоа што на жените им ги избира партнерите

Иако многумина веруваат дека изгледот, хуморот и парите се главни „адути“ кај мажите, најновите истражувања откриваат нешто сосема друго – длабокиот глас и мирисот се клучни фактори за привлечност.

Анкета спроведена меѓу неколку илјади жени покажала дека мажите со длабок и топол глас се перципираат како помужествени, посилни и посигурни. Нивниот тон има и психолошко дејство – делува смирувачки, утешно и поттикнува чувство на блискост.

Мирисот, особено природниот, исто така игра голема улога. Не станува збор само за парфемот, туку за природниот мирис и присуството на феромони, кои поттикнуваат инстинктивна привлечност.

 Доколку на жената ѝ се допаѓа природниот мирис на мажот, тоа потсвесно го поврзува со добра генетика и потенцијален партнер за сериозна врска и семејство.

Иако не може да се контролира длабочината на гласот, мирисот лесно може да се подобри со квалитетни парфеми и лична хигиена. Со овие два едноставни, но моќни адути – мажите може да станат вистински магнет за жените.

Извор: muskimagazin.rs