Стил // Совети
Змија каснала маж за гениталии откако седнал на wc школка

Во Грац, Австрија, 65-годишен маж бил хоспитализиран откако го каснал питон во пределот на гениталиите додека седнувал на ВЦ-школка.
Мажот почувствувал остра болка и веднаш скокнал, а во шолјата забележал метар и пол долг албино питон.
Испоставило се дека змијата му припаѓала на 24-годишен сосед, кој држи 11 неотровни змии во својот стан.
Тој не знаел дека питонот избегал од терариумот сè додека не се случил инцидентот. Иако питоните не се отровни, мажот бил однесен во болница поради страв од можна инфекција.
Змијата не била повредена и по чистење била вратена на сопственикот. Случајот е пријавен во обвинителството како ненамерно предизвикување телесна повреда, но засега не е познато дали ќе има обвинение.
Ветеринарните власти се вклучени поради бројот на змии во станот, а експертот Вернер Штангл изјави дека ваков случај не сретнал во 40-годишната кариера.