ОБИКОЛИЛ 196 ДРЖАВИ И ПРЕПОРАЧУВА: Овие мора да ги посетите!
На 24 години тој посетил 196 држави во светот. Лани Џејмс Аскуит беше внесен во Гинисовата книга на рекорди со овој предизвик. Сега тој има 30 години и работи за Дојче банк во Лондон. Турнејата на светот ја направил, патувајќи со својот татко, кој е пилот во авиокомпанијата „British Midland International“.
Аскуит препорачува 10 места кои се потценети од туристите, но според него секој човек треба да ги посети, бидејќи се единствени и незаборавни.
10. Бутан
До неодамна во земјата имало строги квоти за бројот на странските туристи, кои се дозволени секоја година. И иако сега земјата се отвора малку по малку за светот, кога ќе влезете таму, ќе почувствувате како да сте патувале назад во времето, го споделува своето искуство Аскуит.
Бутан е дефинирана за најсреќната земја во светот и е лесно да се види зошто луѓето се насмеани и гостопримливи. Аскуит препорачува задолжително да го посетите манастирот Гнездото на тигарот (на сликата), едно од најсветите места во Бутан, создадено во карпите.
9. Тонга
Кралство Тонга е архипелаг во јужните делови на Пацификот. Земјата е поразвиена од Бутан, а луѓето се опуштени и пријателски насоенитр, вели Аскуит. Тој препорачува задолжително тука да уживате во локалната храна.
8. Картагена, Колубмија
Колумбија е неверојатна земја, а градот Картагена, кој се наоѓа на карипскиот брег, е неверојатно убав и романтичен. Таму ќе уживате во микс на латиноамериканска и карипска култура, инспиративна музика и луѓе, раскажува патникот.
7. Водопадите Игуасу - на границата меѓу Бразил и Аргентина
Ова се едни од најубавите водопади во светот, смета Аскуит. Во лето тука доаѓаат толпи туристи, но сепак дури во гужвата ќе може да уживате во неверојатна убавина. И од бразилската, и од аргентинската страна на водопадите има многу сценски патеки на кои може да се прошетате, да ја слушнете моќта на настанатата вода и да се видат рефлектирачките сончеви зраци и лак во неа, раскажува најмалдиот патник.
6. Аљаска
Сите зборуваат за Исланд, но јас ви ја препорачувам Аљаска наместо тоа, категоричен е Аскуит. Двете места се различни, но глечерите во Националниот парк се неверојатни. Постојат места како Днужо и Кечикан каде може да уживате во неверојатни сцени и глетки, и насекаде е полно со кафеави мечки. Тоа е едно од местата кои на прв поглед ми застана здивот, раскажува тој.
5. Вануату
Овој остров во јужниот Пацифик, е распослан на 1.500 километри од Австралија и на 500 од Нова Каледонија. Луѓето тука се многу насмеани и љубезни, плажите се прекрасни, и може да останете во вила над океанот за доста помалку пари отколку на Малдивите, на пример.
4. Иран
Техеран е неверојатен космополитски град. И не верувајте му сосема на она што го читате во медиумите за Иран, советува Аскуит. Младите луѓе се многу отворени и непристрасни, ги сакаат различните култури и се љубопитни и зборлести.
3. Тувалу
Неверојатна и прекрасна мала земја, вели Аскуит за островите во Полинезија. Се наоѓа помеѓу Хаваите и Австралија. На локалната патека слетува по еден лет неделно. Во другото време просторот се користи за сè - во текот на денот за игра на фудбал и кошарка, а во текот на ноќта луѓето излегуваат тука со душеци и спијат на отворено, бидејќи дувка ладно ветре, а во куќите е многу топло, раскажува патникот. Тој им препорачува на туристите да направат како него - да изнајмат мотоцикл и во островот со него да уживаат во прекрасната природа и отвореноста на локалните луѓе.
2. Сан Педро де Атакама и боливиски солени езера
Ова патување ќе ви земе 4 дена, но вреди секој момент. Чилеанското гратче станува популарно за туристите, и се наоѓа во близина до солените езера.
При преминот ќе се искачите до места на над 5.000 метри надморска височина, а температурите може да се движат од 20 степени во текот на денот до -10 ноќе.
1. Хаваите
Хаваите се меѓу моите омилени места во светот, тука би можел да живеам, споделува Аскуит. На островите ќе најдете неверојатна мешавина помеѓу неверојатни природни дестинации и чисти плажи - вистински рај. Задолжително место е Хонолулу и плажата Ваикики.