Ocean Cabin: Необична викендица на крајот на светот (ФОТО)
Веројатно многумина од
нас, до 2020 година, сонуваа за одмор на пуст остров, достапен само за вас
и за никој друг
И тогаш се случија големи промени низ целиот свет и настана пандемија на корона вирус, осудувајќи не да го поминеме целото слободно време заклучени во нашите домови, избегнувајќи контакт со други луѓе и преживувајќи сами, како што знаеме и умееме. Слободно можеме да кажеме дека тогаш, домот на секој од нас, без разлика дали тоа беше куќа или стан, стана токму оној пуст остров за кој сонувавме и наше скривалиште од сè лошо што се случува во остатокот од светот.
Но, сепак, мора да признаеме дека одморот во целосна приватност, далеку од цивилизацијата, со бројни удобни карактеристики на дофат на раката, сè уште звучи привлечно и релаксирачко. Дизајнирана од Тилина Лијанас од Шри Ланка, Ocean Cabin (Оушн Кабин) им го нуди на своите сопственици токму тоа, но и многу повеќе.
Тоа е совршен чардак изграден на огромна карпа свртена кон океанот. Обликот на ова викендица доаѓа во облик на буквата А и му дава остар изглед и привлечност, инспириран од карпестата плажа која се наоѓа под неа, додека внатрешноста на викендичката е топла и гостопримлива со дизајн исполнет со дрво и природни материјали.
Секој што сака да пристапи до ова неверојатно место, потребно е да се искачи по долгите скалила, додека неговата висока позиција овозможува уживање во спектакуларниот поглед на крајбрежјето пред и бујното зеленило сместено позади. Куќата е изградена во интересен стил, што го прави заштитен од ефектите на плимата и осеката, додека стаклената фасада ви овозможува да уживате во неверојатниот поглед на смирувачкото отворено море.
И кога ќе падне ноќта и ќе се појават sвезди на небото, закосените светла што се наоѓаат над креветот ги тераат гостите да помислат дека се во земјата на соништата дури и пред да паднат во вистински сон.
Фото: muskimagazin.rs