Од 2 јули старт на втората сезона на „Клан“ ексклузивно на Суперстар ТВ
За долгите жешки вечери ова лето, искусната авторска екипа на чело со креаторот на серијата Бобан Скерлиќ, подготви уште повозбудливо продолжение на популарната серија „Клан“.
Премиерно на Суперстар ТВ, од 2јули, публиката ќе има прилика во осум нови епизоди да ги проследи возбудливите приказни кои го следат понатамошниот подем на мафијашкиот клан кој го водат Шок (Александар Димитријевиќ) и Паша (Недим Незировиќ).
Тие двајца напредуваат во криминалната хиерархија со големи чекори, но овој пат имаат нов извор на заработка – киднапирање на богатите и политичките неистомисленици.
Мотовирани со пари и привилегии, Шок и Паша постепено го усовршуваат својот нов „деловен модел“, во што, сакале или не, им помагаат нивните соучесници од полицијата, здравството, политиката, како и намерните случајни соработници.
Актерската екипа ја сочинуваат Александар Димитриевиќ, Недим Незировиќ, Владимир Ковачевиќ, Ненад Ј. Поповиќ, Младен Совиљ, Иван Зариќ, Феѓа Штукан, Урош Јовчиќ, Милош Петровиќ Тројпец, Горица Поповиќ, Љубинка Клариќ и многу други.
Новите осум епизоди премиерно ќе бидат емитувани на Суперстар ТВ од 2јули, секоја сабота и недела од 21h.
Како и досега, продукциската куќа „Firefly“ и Телеком Србија стојат зад овој оригинален ТВ формат кој што уште со првата сезона го привлече вниманието на публиката ширум регионот пружајќи им нова возбудлива приказна измешана со хумор, драма и авантура.
Суперстар каналите за македонската публика се достапни преку пакет понудите на MSat TV сателитската телевизија на телекомуникацискиот оператор Мтел, членка на Телеком Србија.
ПР објава