Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот: Можно е и ново олабавување на мерките

Од четврток, 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Предлогот бил усвоен на владина седница, информираше министерот Венко Филипче. Првиот човек на здравството најави и можно олабавување на мерките, за што ќе се анализира следната недела. Ако биде усвоено тоа олеснување, кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот.

„Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, напиша Филипче.


Фото: фактор.мк