Од аквадукт од 1900 г.п.н.е до модерна инвертер клима! Еден македонски бренд го следи модерниот развој!
Уште во праисторијата, луѓето се труделе да ги разладат или стоплат просториите во кои живеат на различни начини. Модерните клима уреди се производ на едноставните и упорни обиди на предците за создавање напредни начини за подобрување на средината во која живеат – нешто кое придонело за модерните денешни квалитетни уреди без кои не можеме да го замислиме нашето секојдневие. Еден македонски бренд е рамо до рамо со светските трендови кога станува збор за инвертер клима уредите. Пред да ги согледаме фактите за работата на инвертер технологијата и македонскиот бренд, добро е да ја дознаеме историјата на клима уредите.
Уште во 1900 година пред нашата ера во антички Рим бил изграден првиот аквадукт. Иако, оригиналните аквадукти првично не биле наменети за разладување на воздухот во просториите, Римјаните подоцна ја дизајнирале конструкцијата на аквадуктите, така што циркулирала ладна вода помеѓу ѕидовите за да ги лади просториите внатре. 900 години подоцна, односно во 1000 година пред нашата ера, Кинезите го измислиле првото рачно ладало, за во 4-ти век пред нашата ера историски податоци да покажат користење на рачни ладала во Грција.
Веќе во 2-ри век наша ера, непознат Кинески пронаоѓач го изградил првиот вентилатор со големина на една соба, кој што се управувал со рака, а во трети век Римскиот император Елагабус се обидувал да ја победи жештината со барање да му се донесат големи количини на снег во неговата градина.
Во 13-ти и 14-ти век, по нивното исчезнување во Средниот век, рачните ладала биле повторно претставени во Европа од страна на Крстоносците, кои се враќале од Средниот Исток.
Американскиот претседател, Џејмс Гарфилд, користел направа за да дува воздух преку чаршафи натопени во ладна вода во 1881 година, а дваесет години подоцна, њујоршкиот инженер Вилис Кариер, го измислил првиот модерен клима уред. Тоа бил механички уред каде што воздухот се движел низ калеми разладени со вода, за во 1922 да ја подобри првичната верзија со креирање на центрифугален ладилник, каде што додал централен компресор за да го зајакне уредот. Од 1932 започнува инсталирањето на клима уредите на полици на прозорци. Идејата се развила во 1940 година кога инженерот Хенри Галсон развил покомпактна верзија на прозорскиот клима уред, кој бил многу попристапен за сите економски класи на граѓани. До 1965 година само 10% од домаќинствата во Америка имале клима уреди. Луѓето на југот обично спиеле на нивните тремови и дури во својата облека ставале ледени коцки за да се разладат во текот на летото. Од 1994 до 2008 се дуплирал бројот на домаќинства кои што имале клима уреди.
Од пронаоѓањето на модерните клима уреди па сѐ до денес, растат стандардите за повисока ефикасност во индустријата и сѐ поголемите подобрувања за да се заштеди електрична енергија, но и да се заштити околината. Денес, инвертер клима уредите се најнапредна форма на клима уред досега и се со многу придобивки, како за луѓето така и за планетата.
Македонскиот бренд Favorit го следи светскиот развој на технологијата на клима уредите повеќе од 2 децении. Тие го имаат моделот INVERTER со капацитет 18000 BTU, кој има моќ да го лади и топли целиот дом. Со капацитет на ладење (Btu/h;W) од 5210 (1250~6100)и капацитет на греење од 5520 (1250~6600) е одлично економично решение за удобна температура во домот и за добивање на најдоброто за вашите пари.
Протокот на воздух < 800 m3/h го прави воздухот во домот секогаш свеж и чист, без бактерии и вируси. Тивок и дискретен, инвертер клима уредот овозможува тивок дом, без многу врева од нејзиното работење. Дискретен и економичен, инвертер клима уредот штеди енергија, штеди пари и е здрав за околината и за домот. Повеќе информации за карактеристиките на инвертер клима уредот можете да прочитате на веб страницата на Favorit.