Од чудна идеја до нова нормалност: Дали е ова иднината на теретаните

фото:GETTY Images

Додека кај нас веќе подолго време теретаните се под клуч и спортот е на чекање, спортски сали и фитнес центри низ целиот свет веќе предвидуваат како ќе изгледаат тренинзите во иднина, и работат на нивно отварање.

Неодамна во Хонг Конг се отворија спортски центри, запазувајќи ги мерките за социјална дистанца, од стаклени прегради до температурни проверки при пристигнувањето - дизајнирани да ги држат клиентите безбедни од можна зараза со коронавирусот. 



Минатата недела, во Велика Британија фитнес-ланецот PureGym му даде на магазинот Men's Health UK ексклузивен увид во тоа како тие планираат да се борат против вирусот откако ќе отворат фитнес центрите повторно. Мерките вклучуваат ограничување на времето поминато таму, забрана на „тренинг во парови“ и задолжителна резервација преку апликација.

Меѓутоа, фитнес сала во Калифорнија му даде на светот сосема нов поглед на тоа што да очекуваме откако ќе бидат укинати безбедносните мерки за коронавирусот и откако ќе им се дозволи на спортски сали и центри повторно да се отворат.
Инспајр Саут Беј Фитнес, смисли начин како клиентите и членовите да тренираат без да дојдат во близок контакт.
Имено, тие во затворениот простор поставија над девет преградени и затворени предели, на околу два метри оддалеченост, секоја од парцелите опремена со по неколку реквизити за вежбање.


фото:GETTY images

„Ни требаа околу 3 дена да ги изградиме нашите парцели“ - изјави основачот на салата, Пит Сапсин, а истите се направени од завеси за туширање и цевки.

„Беше навистина тешко, не бевме сигурни дали ќе можеме повторно да отвориме“, рече Сапсин. „Но, затоа што сега кога дојдовме до ова решение, тоа е многу поприфатливо и, конечно можеме да ја отвориме салата, притоа придржувајќи се на мерките и водејќи грижа за нашите клиенти“.

Видео од составување на парцелите:

View this post on Instagram

A post shared by INSPIRE SOUTH BAY FITNESS (@inspiresouthbay) on

Неопходна е претходна резервација преку апликација, а на секој член му се укажува да употребува средство за дезинфекција при влегување во теретана и мора да ги почитува упатствата за одржување растојание. И тренерите и персоналот, секој мора да носи маски за лице и да остане шест метри подалеку од клиентите. Од членовите, се очекува да ја избришат опремата пред и по употреба, со средства за чистење од теретаната.

извор:menshealth.com