Тренд // Мода
Од дрво и камен: Луксуз од природата
Младата старт ап компанија Holzkern од Австрија работи во партнерство со искусни производители на часовници за да ги трансформира суровините, природните материјали во уникатни часовници.
За изработка на уникатните часовници, косистат претежно дрво, кое од сурова форма го прават во часовник добеден до перфекција. Во одредени делови, вметнат е и камен фино обликуван, а собран по речните корита.
Дизајните се минималистички, а одредувањето на времето има механизам кој е современ, беспрекорен и многу прецизен. Премачкани се со трајни смеси кои му овозможуваат на дрвото поголема трајност и водоотпорност.
Цените се движат од 300 евра па се до 10.000 евра, во завиност од изработката и тежината на обработката на материјалите.