Од Мис Малезија до најдобра актерка: Оскарот овојпат во вистински раце- која е Мишел Јео?

Синоќа цел свет навиваше за актерката Мишел Јео која доби Оскар за главна актерка во филмот „„Сè секаде одеднаш““, кој „истовремено“ беше прогласен за најдобар филм.

„За сите момчиња и девојки кои го гледаат ова вечерва, а кои личат на мене, а за жените - никогаш не се откажувајте. Јас немаше да бидам овде вечерва без мојот тим и сите кои учествуваа, а победата и ја посветувам на мајка ми, на сите мајки, тие се херои и ние немаше да бидеме тука да не беа тие.Таа го гледа преносот во Малезија во моментов, ова е за вас и моето семејство во Хонг Конг каде што започна мојата кариера, пишуваме историја, “ изјави поранешната мис на Малезија за време на Оскарите.

Мишел Јео имаше прилично импресивна кариера која траеше четири децении: од Бонд девојка до гејша.


10 работи што не ги знаевме за Мишел Јео:

1. Балетот е нејзината прва љубов. На 4-годишна возраст почнала да зема часови по балет, а подоцна се запишала на престижната Кралска академија за танц во Лондон.

2. Мишел беше Мис Малезија во 1983 година, а исто така беше прогласена за Мис Мумбаи и кралица на Пацификот

3. Нејзината филмска кариера започнала кога барале актерка која ќе се појави наспроти Џеки Чен во реклама. И така започна се...

4. Мишел Јео никогаш немала формален тренинг за боречки вештини. Благодарение на флексибилноста на една балерина, таа без проблем го совладала тренингот за боречки вештини.

5. Мишел Јео глуми во неколку наградувани филмови, меѓу кои: „Прикриен тигар, скриен змеј“; „Сеќавање на една гејша“; „Луди богати Азијци“; „Аватар2“; „Утре никогаш не умира“ и така натаму.

6. Оваа актерка зборува англиски, малајски и кантонски

7. Родена во будистичко семејство, Мишел практикува будизам до ден-денес. Таа вели дека нејзината вера и помага да ги надмине сите пречки.

8. Авантурите и патувањето се нејзина опсесија.

9. Мишел е првата жена со азиско потекло што ја добила наградата за најдобра актерка, т.е. Оскар.

10. Мишел беше прогласена за најголема хероина на сите времиња во 2008 година, благодарение на нејзините неверојатни улоги во претходните филмови.