Од овие зборови нема да му биде добро: Шакира повторно му посвети песна на поранешниот - Пике (ВИДЕО)

Веќе собра речиси 43 милиони прегледи

Откако се радели со неверниот Пике (36), поп-ѕвездата Шакира (46) веќе објави неколку успешни хитови во кои ги повикува поранешниот и неговата девојка, со многу малку дискреција. Сега излезе нова песна, но овој пат во дует со колешка.

Имено, Шакира претстави нова песна која ја снимила со колумбиската пејачка Карол Џи (32). Песната „TQG“ беше објавена вчера како дел од новиот албум на Карол „Mañana Será Bonito“ (Утре ќе биде убаво). Песната беше објавена вчера и собра над43 милиони прегледи.

Во песната колумбиските пејачки зборуваат за мажите кои ги повредиле. Карол Џи алудираше на врската со раперот Ануел А.А. (30), од кого се раздели во 2021 година.

Шакира, пак, споменува некој кој се оддалечил од неа. Очигледна е референца за поранешниот шпански фудбалер Жерар Пике од кого се раздели по 11 години врска поради неверство.

- Зошто ме бараш ако знаеш дека не ги повторувам грешките, кажи ѝ дека не се натпреварувам за маж - е дел од рефренот што го пеат Шакира и Карол Џи.

Освен што ги прозива бившите, изгледа дека Шакира, како и во последниот хит, ја прозвала и девојката со која Пике ја изневерувал, Клара Чиа Марти.

- Се колнам дека не си веќе добредојден / Ме болеше што те видов со нова, но веќе сум подготвена за моите / заборавив што живеевме и тоа е она што те навреди / Дури и мојот живот се подобри, се колнам повеќе не си добредојден / А што ми подготви девојка ти, не ме лути, ниту ме смее - пее Шакира.



Фото и Видео: Youtube