Од сите куќи на Јелена и Новак оваа е најубава, во неа планираат да ја дочекаат староста (ФОТО)

Куќата на Новак Ѓоковиќ на Космај е прекрасна

Откако се дозна дека познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ купил вила на Космај, цените на земјиштето и недвижностите во околината, според агентите за недвижности, драстично пораснале. Куќата на Новак Ѓоковиќ порано била во сопственост на Елена Караман, која на својот Инстаграм профил објавила како изгледа.

Прекрасната камена вила се наоѓа на огромен имот со поглед кој се простира на добар дел од планината. Целиот имот е опкружен со голема ограда, која обезбедува приватност на семејството Ѓоковиќ. 

Имотот е толку голем што е непрегледен дури и од огромната тераса. А, токму од таа тераса се гледа погледот на огромниот базен. Дел од имотот е издвоен за одгледување органски зеленчук и овошје. 

Со оглед на тоа дека Елена со години се занимава со уредување на ентериер, домот што го делеше со поранешниот сопруг Југослав Кариќ го доведе до совршенство. Но, нема сомнеж дека Јелена новиот дом на семејството Ѓоковиќ го приспособи на нивниот вкус. 

Се шпекулираше дека куќата на Новак Ѓоковиќ е купена за 2,9 милиони евра, но тоа не е конечната бројка што славниот тенисер ја одвоил за својот семеен дом, бидејќи е реновиран пред една година и изгледа токму како фотографиите пред вас.


Фото: Инстаграм - printscreen/ Youtube - screenhsoot