Одлично место за развивање бизнис идеи: ВИП соба во Панорама Хотел & Спа

Поглед од милион долари, фантастичен амбиент, внатрешен ентериер како од некој врвен хотел во Милано... ама сепак се работи за нешто наше кое слободно може да парира на хотелите од А- класа. И не само тоа! Местоположбата е уникатна!

Во прегратките на Крушевската корија, на височина каде се спојува хоризонтот и создава неповторливи моменти, Хотел Панорама и СПА овозможува организација на секаков вид на настани, поголеми, но и помали, за одреден круг на луѓе.

Модерна, софистицирана, создадена со многу љубов, VIP ROOM на Панорама Хотел и Спа е дел од хотелот кој нуди многу можности за сите оние кои сакаат да создадат моменти за паметење со својот поширок круг на пријатели и соработници.


Местоположбата на хотелот, и атрактивноста на градот Крушево, се одлично место за развивање на разни бизнис идеи, токму затоа е создадена и ВИП собата во која  може да се  организираат мали бизнис состаноци, разни работилници, но и деловни ручеци или вечери.

Со капацитет од 15 луѓе, во оваа соба може да се организираат и мали приватни забави и прослави.

ВИП собата во Хотел Панорама и СПА е место во кое се испишуваат успешни приказни и се создаваат моменти за паметење.

Повеќе детали за резервација на VIP ROOM и организација на мали приватни и корпоративни настани  може да  најдете на страната на Панорама Хотел и Спа.

*пр-објава