Спорт // Спорт
Одредени двојките за баражите, Воска против Тиквеш, додека Скопје спас ќе бара преку Беласица
Во просториите на ФФМ, денес беа одредени двојките за опстанок, односно промоција во Првата фудбалска лига.
Ждрепката сакаше, прволигашот Тиквеш да игра бараж за спас против Воска која бара пласман историски во ПМФЛ, овој натпревар ќе се игра во Прилеп на стадионот „Гоце Делчев“.
Скопје и Беласица во Штип ќе играат за статус прволигаш, тимот од Струмица брка прва лига, додека скопскиот тим опстанок во елитната фудбалска конкуренција.
Средбите се закажани за 22 мај со почеток во 17 часот.
БАРАЖ ЗА ПРВА ЛИГА:
ТИКВЕШ – ВОСКА (ПРИЛЕП)
СКОПЈЕ – БЕЛАСИЦА (ШТИП)