ОФИЦИЈАЛНО: Без Чурлинов против Грузија и Бугарија во Лигата на нации
Како што веќе објави фактор.мк, Дарко Чурлинов нема да настапи на средбите со Грузија и Бугарија во Тбилиси и Скопје поради повреда.
ФФМ предмалку официјално го потврди откажувањето на Чурлинов, тој е повреден, има скинато мускулно влакно на задниот бутен мускул.
СООПШТЕНИЕ НА ФФМ
Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов поради повреда нема да може да се стави на располагање на А тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември) од групата во Лига на нации.
Лекарските прегледи потврдија дека напаѓачот на англиски Барнли не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви поради повреда на задниот бутен мускул.
Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19. септември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје.
За повредата на Чурлинов говореше и тренерот на Барнли, Компани, кој не прецизираше за кава повреда станува збор, но најави подолг период на отсуство.