ОФИЦИЈАЛНО: Гоце Седлоски нов тренер на Влазнија

Поранешниот тренер на Шкупи, Гоце Седлоски  кратко беше без  ангажман, тој е официјално назначен за  нов тренер на  Влазнија од Албанија.

Седлоски доцна  синоќа стави потпис на договор со албанскиот клуб за соработка  на една и пол година.

Седлоски кој има 48 години,  како тренер работеше со екипите на  Рига, Широки Бријег и Динамо Загреб, а во Македонија седеше на клупите на Шкупи, Турново и Вардар.