Спорт // Спорт
Официјално: Мухарем Бајрами со нов договор до 2024 година, Македонија ЃП го задржа тренерот
Фудбалскиот клуб Македнија ЃП, кој е актуелен освојувач на Купот, официјално потврди дека ја продолжи соработката со тренерот Мухарем Бајрами, тој доби нов договор до 2024 година.
„Задоволен сум од тоа како ја завршивме минатата сезона и затоа без двоумење го продолжувам договорот. Благодарност до управата за довербата кон мене и целиот стручен штаб кој останува ист. Ветувам само работа и максимална посветеност за Македонија ЃП и другата сезона ги радува своите навивачи“ рече Бајрами за клуспката страна на Фејсбук.