Огромно богатство: Жени на фудбалери кои се побогати од нивните сопрузи
Иако за жените на
фудбалерите владеат предрасуди дека тие се спонзоруши и дека живеат од славата на нивните успешни сопрузи, има и
такви кои ги кршат овие предрасуди. Имено, многу жени на фудбалери имаат работа што им носи
вистинско богатство. Некои се дури и побогати од нивните сопрузи, како што е
случајот со Шакира и Пике, а британскиот „Sun“
истражуваше кој од нив е најбогат и колку долго се „тежи“ нивната „финансиска моќ“.
На прво место е Викторија Бекам, сопругата на Дејвид Бекам, која е „тешка“ 360 милиони фунти и која се занимава со модна индустрија.
Се тврди дека во истата индустрија во 2019 година имала загуба од 15,9 милиони фунти, а потоа имала и нов удар поради ковид-19. Сепак, тоа не ја загрози премногу, па затоа и понатаму е на самиот врв.
Споменатата Шакира е многу пати „потешка“ од нејзиниот сопруг Жерард Пике.
Вредноста на нејзиното богатство наводно е 220 милиони фунти, додека Пике поседува „само“ 30 милиони.Сопругата на Вејн Руни, Колин е на третото место со бројка од 14 милиони фунти. А, наводно заработила пари со паметната инвестиција што нејзиниот сопруг ја заработил додека играл фудбал.
Пишуваше модни колумни за познати списанија, дури стана и авторка за деца, а заработи многу пари продавајќи ДВД со вежби за подобар изглед на телото.
Богатството на подобрата половина на Кристијано Роналдо, Ѓорџина Родригез, е седум милиони фунти, а овој шпански модел заработува најмногу пари преку Инстаграм.
Ја следат 24 милиони луѓе и може да земе 250.000 евра од само една објава.
Таа стана заштитно лице на одредени модни куќи што ги рекламира, а во меѓувреме лансираше и своја модна линија.
Додуша, Ѓорџина не е побогата од нејзиното момче милијардер, но мора да се признае дека поседува голема сума пари.
Богатството на поп-sвездата Пери Едвардс, девојка на Алекс Окслејд-Чембрлен, се проценува на шест милиони.
Кристин Лампард, сопругата на Френк Лампард е на шестото место со богатство од пет милиони, додека девојката на Пол Дибала, Оријана Сабатини е на 8-то место со бројка од четири милиони.
Ванда Икарди е на 8-то место, а богатството на неговата сопруга Маура Икарди се проценува на три милиони. Ванда заработува и од Инстаграм, таа е личен агент на напаѓачот на ПСЖ и неодамна лансираше линија за козметика.
Еби Кленси, сопругата на Питер Крауч е на 9-то место и „тежи “ 2,5 милиони фунти, додека актерката Хелен Фланаган е на 10-то место. Таа е мажена за Скот Синклер, а нејзиното богатство се проценува на два милиони фунти.
Фото: Profimedia/EPA
Можеби ќе ве интересира:
Златан Ибрахимовиќ ќелав: Фудбалерот ја скрати препознатливата долга коса (ФОТО)