ОМЕГА- Перфекција на луксузот во новите часовници од злато

Овие часовници создадени од 18-каратно злато се мали, но фантастично модерни…

Факт за моделите Omega Speedmaster е дека тие имаат цел култ на обожаватели околу нив. Познат како Moonwatch заради своето незаборавно патување кон Месечината во јули 1969 година, овој модел има класичен распоред на хронографите со задоволувачка симетрија што ги воодушевува ентузијастите за хорологија од целиот свет.

Потценуван, но подеднакво важен детал поврзан со моделот „Speedmaster“ е што дури 63 години по првичното лансирање, лесно го освојува царството на машките и женските часовници. Во колекцијата Speedmaster Omega 38 mm, сега има четири нови модели создадени од злато од 18 карати.

Првиот модел доаѓа со куќиште од црвено тонирано 18-каратно Sedna злато со окер-кафеава кожна лента. Наместо контрастни кафеави подбројчаници, сребрениот бројчаник се „капе„ во монохроматски тонови што марката ги опишува како капучино.

Вториот модел доаѓа во варијанта со 18 каратно жолто злато со зелена кожна лента, со опалски бројчаник, акцентиран со сказалки од 18-каратно злато и зелени лакови, со индекси создадени од истиот материјал.

И двата модели се со основни опции - достапна е алуминиумска база украсена со познатата скала на Speedmaster, како и двојна база која има сет на тахиметар и надворешен круг украсен со дијаманти.

Двата модела се напојуваат со механизам „Омега“ - Co-Axial Caliber 3330. Стандардниот основен модел може да се купи за 15.600 долари, додека верзијата украсена со дијаманти се продава за 18.900 долари.