OMEGA фуриозно: Во време на коронавирус, го освежи еден од своите најпопуларни модели
Како што велат луѓето - не треба да го поправите она што не е исправно…
Меѓутоа, кога станува збор за брендот Омега, тие го прават токму тоа, за да создадат нешто што е за нијанса подобро. Овој пат, станува збор за новиот Seamaster Planet Ocean 600M. Првично лансиран во 2005 година и освежен специјално за 2020 година, елегантниот часовник за нуркање доаѓа во две итерации - хронографски и хронометриски. Двете верзии добија портокалова керамичка основа која е прицврстена на куќиштето од не'рѓосувачки челик. Керамичките бројчаници се создадени од титаниум, како омаж за историјата во областа на часовниците за нуркање на овој бренд, и тие станаа уште повеќе читливи благодарение на сказалките кои се со родиум и мал прозорец за прикажување на датумот.
Опремени со механизми за самостојно намотување, двете изданија добија кристален задник на куќиштето за да обезбедат увид во самото срце на часовникот. Функционалните дизајни се водоотпорни до длабочина од 600 метри, а им се дадени и кристални куполи отпорни на гребење, антимагнетни својства и шеесет часа резервна енергија. Хронометарот со дијаметар од 43,5 мм доби интегрирана челична нараквица, додека хронограмот со дијаметар 45,5 мм е со ремче на НАТО.
Ова издание доаѓа во особено незгодно време за индустријата за часовници, бидејќи луксузниот сектор како целина е погоден од пандемијата на коронавирусот.
Она што сè уште можеме да го кажеме на крајот, двете изданија на Omega Seamaster Planet Ocean 600M се достапни за купување преку официјалната веб-страница на брендот, хронограмот чини 8000 долари и хронометарот 6.500 американски долари.