ОМЕГА го претставува SEAMASTER часовникот од платина- злато

Кон крајот на минатата година, швајцарскиот луксузен часовник ОМЕГА го откри специјалното издание на Seamaster Diver 300M со тема на Бонд за да ја прослави 50-годишнината од франшизата „Џејмс Бонд“.

Сега, оваа компанија создаде уште полуксузно издание што доаѓа во куќиште со платина- злато. Како и неговиот претходник, новата верзија има дијаметар од 42 мм, а куќиштето е направено целосно од цврста легура на платина- злато.

Едностраната маска е изработена од истиот скапоцен метал заедно со црн керамички инсерт на кој е и потписот на Бонд на спиралното лого, заедно со логото на пиштолот „007“ во позиција 7 часот, додека грбот на семејството Бонд е во позиција на 12 часот. Посебен детал е црната гумена лента или појасот изработен од алигаторска кожа, кој можете да го промените по желба и во зависност од ситуацијата.

За оние кои се заинтересирани, овој часовник наскоро ќе биде достапен во ограничено издание, а цената на еден ќе биде 51.000 долари.