Омилената фамилија од пеколот се враќа на екраните: Семејството Адамс со ново продолжение
Лутина, сатира и многу, многу хумор не очекуваат во октомври..
Лута,
застрашувачка, а сепак една од омилените фамилии – Семејството Адамс се враќа
на екраните на крајот од годината во форма на цртан филм кој го носи
семејството од пеколот во нова авантура, во сончевиот и забавен Њу Џерси.
Првиот трејлер за новото продолжение на приказната за семејството Адамс, штотуку излезе и покажува дека ниту една верзија нема да се откаже од хуморот и сатирата ... но, нема да се откаже ниту од чудните и убиствени навики на своите индивидуални членови, кои се разнесуваат едни со други, кријат лилјаци во нивните палта и ги оживуваат мртвите жаби во чаша на часот по биологија во стилот на Франкенштајн.
Во трејлерот се слуша песната на Снуп Дог „Drop It Like Hot“, а се шпекулира дека раперот ќе му даде глас на еден од хероите, роднина на семејството што гостува.
Семејството Адамс за прв пат се појави во 1930-тите во форма на сатирични стрипови од Чарлс Адамс, објавени во Њујорк. Меѓутоа, семејството Адамс стана популарно дури во 1960-тите, со ТВ сериите за нивните смешни и страшни авантури.
Се очекува филм да се појави во кината, крајот на октомври, околу Ноќта на вештерките.