„Она што го поседувате нема да го земете одовде- Ќе го земете само она што сте го дале“
Кога ќе умрeте, не грижете се за вашето тело...
Вашите најблиски ќе направат се што е потребно, според нивната способност...
Ќе ве соблечат,
ќе ве измијат
ќе ве облечат.
Ќе ве изнесат од дома, ќе ве однесат на нова адреса.
Многумина ќе дојдат на вашиот погреб да ве поздрават. Некои ќе ги откажат обврските, па дури и ќе пропуштат работа само за да дојдат на вашиот погреб.
Вашите работи, она што не сте сакале да го позајмите, ќе бидат продадени, подарени или изгорени...
Вашите клучеви и алатки,
вашите книги и записи,
вашите чевли и облека…
И бидете сигурни дека светот нема да застане и да плаче за вас. Економијата ќе продолжи. Ќе бидете заменети на вашето работно место. Некој со исти или подобри вештини ќе го заземе вашето место. Вашиот имот ќе оди кај вашите наследници…
И не се сомневајте дека нема да продолжат да ве цитираат, судат, преиспитуваат и критикуваат поради малите и големите работи што сте ги направиле во животот.
Луѓето кои ве познаваат само по лице, по вид, ќе речат: „Кутриот човек!
Вистинските пријатели ќе плачат неколку часа или неколку дена, но потоа повторно ќе се смеат.
Вашите миленици ќе се навикнат на новиот сопственик.
Вашите фотографии, некое време, ќе бидат закачени на ѕид или ќе стојат на парче мебел, во витрина, а потоа ќе бидат оставени на дното на фиоката.
Некој друг ќе седи на вашиот кауч и ќе јаде на вашата маса.
Длабоката болка во вашиот дом ќе трае недела или две, можеби месец или два, година или две... И тогаш ќе бидете ставени на списокот на спомени и вашата приказна ќе заврши.
Завршени меѓу луѓето, завршен овде, завршени на овој свет...
Но, вашата нова приказна ќе започне во вашата нова реалност... вашиот живот после смртта.
Во „новиот живот“ нема да можете да ги земете работите што ги имавте овде, бидејќи со вашето заминување ќе ја изгубат вредноста што ја имаа...
Тело и убавина...
Презиме, статус, функции и звања...
Жиро сметки, заеми, автомобили, куќи...
Хоби, дипломи, трофеи, медали...
Пријателите и посетените места...
Брачниот другар и семејството...
Ако сте живееле живот полн со љубов кон другите и во мир со другите, сте создале сопствено духовно богатство.
Затоа, обидете се да живеете исполнето и да бидете среќни додека сте овде, бидејќи како што рекол Фрањо Асишки: „Она што го поседувате нема да го земете одовде. Ќе го земете само она што сте го дале“.