Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат: Мудри мисли на Мајка Тереза- 111 години од нејзиното раѓање
Денес се навршуваат 111 години од раѓањето на големата Мајка Тереза. Жената која го промени светот. Гонџа Бојаџиу потекнува од Скопје, а целиот свој живот помагаше на сиромашните и немоќните. Католичката цркваја прогласи за светица во2016 година.
На 4 септември, 2016 година, Мајка Тереза беше прогласена за Света Тереза од Калкута, од страна на папата Франциск.
Папата Францис тогаш одговори: “Да ја носиме нејзината насмевка во нашите срца и да им ја даваме на оние кои ги среќаваме за време на нашето патување, особено на оние кои страдаат. Ја прогласуваме Блажената Терезаод Калкута да биде светица и ја запишуваме меѓу светците, и таа треба да биде почитуван како таква од страна на целата Црква.”
Мудрите мисли и зборови на оваа извонредна жена меѓу нас се денес присутни како никогаш досега. Токму нејзините пораки за мир не' насочуваат на размислувањето да станеме подобри луѓе, баш како што и самата Мајка Тереза правеше целиот свој живот. Нека овие цитати во продолжение ви бидат мантра за секој ден.
- „Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек.“
-„Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“
- „Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.“
-„Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“
- „Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата сиромаштија.“
- „Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“
-„За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни треба љубов и сочувство.“ -„Мирот започнува со насмевката.“
- „Дочекајте се едни со други со насмевка, бидејќи насмевката е почетокот на љубовта.“
-„Пронајдов еден парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа значи дека болката повеќе нема да постои, туку само љубовта.“
- „Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.“
- „Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Одете дома и сакајте го вашето семејство.“
- „Најдете време за игра, тоа е тајната на вечната младост.“
- „Секој кој ви се приближува нека си оди од кај вас подобар и посреќен.“
- „Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.“