Онколозите не ги консумираат, немојте и вие: Заборавете на оваа храна ако сакате добро здравје
Грижете се каква храна внесувате во вашето тело
Не постои рецепт за совршено здравје, но храната може да ни помогне да се чувствуваме подобро и да го намалиме ризикот од разни болести. Онколозите споделија како изгледа нивната диета и која храна ја имаат исфрлено од исхраната засекогаш и која храна ја препорачуваат.
Белиот леб и преработените производи од месо обично се полни со адитиви и не се добра опција. Исто така, брзата храна е забранета, ако сакате вашето здравје да биде на високо ниво.
Онколог од Денвер, др. Роберт ЛаПорте вели дека не јаде многу преработено месо и избегнува тестенини. Ретко јаде и колачиња, бидејќи се полни со шеќер.
„Клучот за правилна исхрана е да се избегнат секојдневните искушенија“, вели професорот Марк Морис од Лос Анџелес. Исфрлањето масни и слатки оброци е клучно. Тие се полни со лоши масти, шеќери, но и додатоци, а сите заедно лошо влијаат на организмот. Ако имате напади на глад, сторете го она што тој го прави - јадете туна. Таа е полни со витамини и минерали и брзо ќе ве засити.
"Црвеното месо треба да се намали и да се јаде многу ретко, додека прженото месо е целосно забрането. Тоа воопшто не е здраво", нагласува д-р Чарлс Кас.
Еве која храната ја препорачуваат лекарите, онколози:
„Внимавам на внесот на протеини и растителни влакна, затоа се обидувам да јадам до 5 овошја или малку зеленчук секој ден, верувам дека свежата храна е одличен начин да се спречат разни болести“, вели др Џордан Берлин.
Онколозите препорачуваат и зголемен внес на риба, бидејќи содржат омега 3 масни киселини за кои е докажано дека се добри за срцето, цревата и крвниот систем.
Д-р Мајк додава дека е добро да се јаде многу ореви, поради содржината на влакна, омега 3 масни киселини и добри масти. Говедското месо е исто така добар избор.