Онлајн интервју со Г-дин Огуз Ерујгун, Генерален Менаџер на Скопје Мериот Хотел: „Ние сме неверојатно горди што славиме осум години извонредно гостопримство“

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години зајакнување на носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел. Разговаравме онлајн со Г-дин Огуз Ерујгун, Генерален Менаџер на Скопје Мериот Хотел


1.  Осум години препознатливо гостопримство во Скопје Мериот Хотел и негување на вистинските вредности на глобалнит хотелски бренд, станаа едни од најдобрите синоними на македонскиот главен град. Кои успеси се во центарот на овогодинешната роденденска прослава на хотелскиот скапоцен камен во центарот на градот?

-  O.E. - Во Скопје Мериот Хотел, ние сме неверојатно горди што славиме осум години извонредно гостопримство и што ги негуваме основните вредности на брендот Мериот. Овој осми роденден е доказ за нашата посветеност за совршенство, како и нашата определеност во обезбедување неспоредлива услуга за нашите гости.

-  Размислувајќи за изминатата година, неколку успеси се издвојуваат. Првично, забележавме значителен пораст во резултатите и нивото на задоволство кај гостите, што е директен резултат наврвниот фокус за персонализирана услугакајнашиот тим, како и особено внимание на деталите. Нашите гости ја ценат топлата, гостопримлива атмосфера, којашто ја изградивме, која прави да се чувствуваат како дома дури и кога се илјадници километри далеку од своите.

-  Дополнително, нашите кулинарски понуди добија одлични критики оваа година. Нашите талентирани готвачи изработија мени,коешто ги спојува локалните вкусови со интернационалната кујна, овозможувајќиуникатно кулинарско искуство, кое го одразува богатото културно наследство на Македонија. Како резултат, истото го претворинашиот хотел во препознатлива дестинација за добра, вкусна храна, привлекувајќи ги истовремено и гостите и локалните жители. И на крај, посветеноста и напорната работа на нашиот тим не може да не се потенцира. Нивната страст и професионализам се движечките сили зад нашиот успех. Додека го славиме овогодинешниот роденден како важен датум, исто така ги славиме и нив - нашето највредно богатство.

Накратко, нашата осма годишнина не е само прослава на изминатата година, туку прослава на нашето долгогодишно патување на извонредност. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да поставуваме нови стандарди во угостителствотои да го дадеме својот придонес за живописниот дух на Скопје.

2.  Одбележување на осмиот роденден на Скопје Мериот Хотел со низа роденденски активности, кои навистина се издвојуваат, дали вработените и гостите на хотелот се некои од главните столбови и причини за општествено одговорна прослава оваа година?

-  O.E. - Апсолутно, нашите вработени и се разбира гостите, навистина се главните столбови и движечките сили зад нашата општествено одговорна прослава оваа година. Со одбележувањето на осмиот роденден на Скопје Мериот Хотел, се потсетуваме дека нашиот успех е изграден врз цврстите темели на нашиот посветен тим и непоколебливата поддршка од нашите гости. Нивната посветеност кон нашите вредности и нивното активно учество во секоја наша иницијатива, нѐинспирираат да ѝ возвратиме на заедницата на значаен начин.За да го одбележиме роденденот, организиравме серија влијателни активности, коишто ја рефлектираатнашата посветеност конопштествената одговорност и ангажманот за заедницата. Еден од најважнитемоменти, којшто би го издвоил, е нашата иницијатива за садење дрвја во скопскиот парк Гази Баба. Оваа активност, не само што придонесува за разубавување на нашиот град, туку и ја промовира еколошката одржливост, усогласувајќи се со нашата  посветеност на зелените навики. Покрај тоа, ние се справуваме со потребите на бездомните животни во градот, со донирање куќички за бездомните кучиња. Оваа иницијатива ни е особено драга, бидејќи ја олицетворува нашата посветеност на благосостојбата на животните и нашата желба да направиме позитивна промена во животот на овие животни. Ние веруваме дека секое суштество заслужува безбедно и удобно место за живеење и горди сме што токму ние, ќе им обезбедиме топол дом.

-  Исто така, одлучивме да шириме радост и да го славиме нашиот роденден, споделувајќи роденденска торта со децата во локалниот дом за деца без родители. Овој гест е наш начин на измамување насмевки и чувство на радост кај оние, кои можеби немаат можност често да доживуваат такви моменти. Тоа е мал знак на нашата љубов и поддршка, со цел да создадеме незаборавни спомени со дечињата.

-  Овие активности ги одразуваат основните вредности на брендот Мериот: луѓето да бидат на прво место и правејќи сѐ за светот да биде поубаво место за живеење. Нашите вработени се активно вклучени во овие иницијативи, покажувајќи ја својата страст и посветеност, со цел да имаат позитивно влијание. Исто така, нашите гости покажаа огромна поддршка и ентузијазам, зајакнувајќи го чувството на заедница,коешто го негуваме во Скопје Мериот Хотел. Во суштина, нашиот осми роденден не е само прослава на нашите достигнувања, туку прослава на заедницата одкоја сме дел.

-  Неверојатно сме благодарни за поддршката, којашто ни ја укажуваат нашите вработени и гости, а воедно возбудени сме и што заедно ќе продолжиме со нашето патување додека правиме значајна разлика.

3.  „Прославуваме, се грижиме, негуваме“ е слоганот на целоснатароденденска прослава на Скопје Мериот Хотел оваа година. Се чини дека корпоративната општествена одговорност е една од главните цели и појдовни точки, за споделување на радоста за осмиот роденден со оние, кои имаат потреба. Дали ова треба да биде пример за другите брендови во индустријата во земјава и светилник на надеж во многу сегменти на општествено одговорниот пристап?

-  O.E. - „Прославуваме, се грижиме, негуваме" веродостојно го опфаќа духот на нашата роденденска прослава во Скопје Мериот Хотел. Нашиот фокус на корпоративната општествена одговорност, не е само централна тема на нашето свечено прославување, туку и одраз на нашата трајна посветеност да направиме позитивно влијание врз заедницата.Корпоративната општествена одговорност навистина треба да послужи како водечки принцип за сите брендови во нашата индустрија, не само во Скопје, туку и низ целата земја. Како лидери во угостителството, имаме единствена можност, но и одговорност да дадеме позитивен пример. Со интегрирање на општествената одговорност во нашите основни активности и славење на роденденот преку значајни иницијативи, можеме да инспирираме други брендови да усвојат слични практики.Нашите роденденски активности, како што се садење дрвја во паркот Гази Баба, донирање куќички за бездомни кучиња и споделување роденденска торта со децата од домот за деца без родители - се дизајнирани да направат опиплива разлика во животите на оние околу нас. Овие случувањане само што се однесуваат на непосредните потреби, туку придонесуваат и за долгорочната благосостојба на нашата заедница и животна средина. Инкорпорирањето токму на CSR во склоп на нашата прослава, покажува дека деловниот успех и општествената одговорност не се независно ексклузивни. Напротив, тие можат и треба да одат рака под рака. Покажувајќи дека се грижиме за нашата животна средина, ги поддржуваме ранливите групи и ја негуваме нашата заедница, се надеваме дека ќе инспирираме пошироко движење во склоп на индустријата кон поголема општествена одговорност. Освен тоа, во време на растечки социјални и еколошки предизвици, иницијативите како нашата можат да послужат како искра надеж, за подобро утре.Тие нѐ потсетуваат дека позитивните промени се можни, кога бизнисите преземаат проактивни чекори за да придонесат за заедничко добро. Нашиот пристап ја нагласува важноста на колективниот напор и духот на заедницата, охрабрувајќи ги другите да ни се придружат во ваквиот одговорен пристап.

-  Како заклучок, веруваме дека нашиот фокус на општествено одговорни активности, како дел од нашата прослава за осмиот роденден, не само што го зајакнува нашиот однос со заедницата, туку и поставува вреден преседан за другите брендови. Се надеваме дека нашите активности ќе ги инспирираат другите да дадат приоритет на општествената одговорност, што на крајот ќе доведе до погрижлива, одржлива и инклузивнарефлексијана индустријата.

4.  Претпоставуваме дека овогодинешната роденденска желба ќе биде иста за секој вработен во Скопје Мериот Хотел - подобро утре за луѓето на кои им е најпотребно. Изнудување насмевка на лицата на луѓето е една од најпредизвикувачките задачи во угостителството, а сепак се чини дека сте примерен лидер во достигнувањето нови врвови со тоа што секогаш ги ставате луѓето на прво место, - вработените, гостите на хотелот, организациите и луѓето на кои им е потребна. На кој начин сите тие ќе имаат корист и ќе уживаат во исто време во овогодинешните роденденски активности?

-  O.E. Апсолутно, нашата роденденска желба оваа година е навистина подобро утре за оние на кои им е најпотребна. Во Скопје Мериот Хотел, веруваме дека со тоа што луѓето ни се на прво место, истото претставува камен-темелник на нашиот успех и оваа филозофија се протега за нашите вработени, гости, локални организации и заедницата во целина.Нашите роденденски активности се осмислени да донесат радост и за сите, кои се вклучени во истите. За нашите вработени, учеството во овие значајни иницијативи поттикнува чувство на гордост и исполнетост, знаејќи дека тие имаат позитивно влијание. Гостите на хотелот уживаат во подлабокатаконекцијасо нашите вредности и локалното опкружување, подобрувајќи го нивното севкупно искуство со нас. Локалните организации, како што е домот за деца без родители и засолништата за животни, директно имаат корист од нашата поддршка и придонеси, помагајќи им да продолжат со нивната хумана работа. Пошироката заедница добива многу од нашите еколошки напори, како што е садењето дрвја во паркот Гази Баба, за позелен, поздрав урбан простор. Во суштина, сите наши активности создаваат брановиден ефект, правејќи позитивна разлика и ширејќи ја среќата меѓу сите наши засегнати страни и соработници.

5.  Како дел од роденденската прослава, главниот моментум ќе биде садењто дрвца. На кои локации во Скопје ќе се садат „Мериот“дрвца? Каква порака ќе пренесе оваа општествено одговорна активност – и за самиот бренд на хотелот како и за Скопје Мериот Хотел, а и за заштита на животната средина, во скопската област?

-  O.E. Во рамките на нашата роденденска прослава ќе засадиме дрвца „Мериот“ во паркот Гази Баба во Скопје. Оваа општествено одговорна активност, пренесува силна порака за нашата посветеност на еколошката одржливост и нашата посветеност на локалната заедница. За брендот Мериот и Скопје Мериот Хотел, истото ги нагласува нашите вредности за грижата за планетата и поттикнување позелена иднина. Со придонес во разубавувањето и на паркот Гази Баба, ние имаме за цел да ја заштитиме животната средина во скопската област, промовирајќи почист, позелен урбан простор во кој сите ќе може да уживаат.

6.  Го водите Скопје Мериот Хотел од март 2022 година, a повеќе од 10 години сте дел од семејството Мериот и имате искуство повеќе од 3 децении во хотелиерството. Кои успешни резултати се постигнати под ваше водство, лидерство и глобално знаење и сет на менаџерски вештини? Дали балансирањето на вредностите на светските корпоративни брендови и профитабилноста е главниот предизвик со којшто се соочувате на дневно ниво?

-  O.E.–По преземање на кормилото на Скопје Мериот Хотел во март 2022 година, постигнавме неколку значајни достигнувања под мое водство. Еден значаен успех е подобрувањето на нивото назадоволство кај гостите, како директен резултат на нашиот фокус на персонализирана услуга и подобрување на целокупното искуство на гостите. Балансирањето на вредностите на глобалните корпоративни брендови со профитабилноста е навистина секојдневен предизвик. Сепак, останувајќи верни на основните принципи на Мериот, односно одржување на висок стандард на извонредност, ние продолжуваме да постигнуваме одржлив раст. Нашиот фокус останува на исклучителното хотелско искуство за гостите, а истовремено поттикнувајќи финансиски перформанси, додека го одржуваме интегритетот и вредностите на брендот Мериот.

7.  Скопје Мериот Хотел се приближува до една деценија како лидер на уникатно, а сепак препознатливо глобално, хотелско искуство во мал град како Скопје, споредбено со локациите на големите метрополи ширум светот. Квалитетното задржување на лојалноста и од вработените и од гостите на Скопје Мериот Хотел, од овде и од странство, веруваме дека заслужува примерна ѕвезда и признание. „Каде можеме да ве однесеме?“ е јадрото на Marriott Bonvoy. Дали е ова тајната на визијата на хотелот што успешно ја спроведувате досега?

-  O.E. -  Апсолутно, слоганот "Каде можеме да ве однесеме?" е суштината на нашата визија во Скопје Мериот Хотел. Нашиот успех во задржувањето на лојалноста и на вработените и на гостите, без разлика што се наоѓаме во помал град како Скопје, навистина е вкоренет во ваквиот основен принцип на работење. Се стремиме да ги надминеме очекувањата и да создаваме незаборавни искуства со траен впечаток за нашите гости, без оглед на нашата локација. Нашата посветеност да обезбедиме одлично, глобално хотелско искуство, нѐ издвојува од останатите. Со прифаќање на етосот на Marriott Bonvoy, ние се фокусираме на разбирање и предвидување на потребите на нашите гости, обезбедување персонализирана услуга и создавање средина каде што секој се чувствува добредојден и ценет. Посветеноста, поттикна силно чувство на лојалност кај секого, кој бил дел од Скопје Мериот Хотел, односно и кај нашите вработени и кај гостите, кои ја препознаваат и ја ценат доследноста и квалитетот на она кое го нудиме. Токму оваа меѓусебна доверба нѐпоттикна да станеме лидери на нашиот пазар и покрај предизвиците што ги носи работењето во помал град. Во суштина, нашиот успех лежи во нашата способност да го искористиме глобалниот досег и ресурсите на брендот Мериот, притоа приспособувајќи го нашиот пристап да ги исполни уникатните потреби и очекувања на нашиот локален пазар. Останувајќи верни на нашата визија и доследно доставувајќи исклучителни искуства, продолжуваме да поставуваме нови стандарди за извонредност во угостителството во Скопје и пошироко.

ПР објава