ООУ „Александар Македонски“ од Скопје единствено од Македонија ќе учествува на Светскиот шампионат FIRST LEGO League во Грција (ФОТО)

Македонија оваа година ќе биде во друштво на најдобрите 50 тимови од целиот свет во FIRST LEGO лигата, која претставува глобална иницијатива која ги воведува децата во науката, технoлогијата, инжинерството и математиката (СТЕМ) преку интерактивно и забавно учење базирано на пракса. Македонија на Светскиот шампионат FIRST LEGO League кој од 2 до 4 мај ќе се одржи во Софико, Коринт, Грција ќе биде претставувана од Основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје и тимот „Philips Revolution“кои, пак, постигнаа неверојатен успех на националниот натпревар по едукативна роботика – FIRST LEGO League Macedonia 2025, кој се одржа на 1 март во „Дајмонд мол“ во Скопје, издвојувајќи се како апсолутни победници на натпреварот.

Токму поради тоатимот „Philips Revolution“се пласира директно на Светскиот шампионат FIRST LEGO League, каде ќе се натпреварува со уште50 тимови од целиот свет! 

Ова сезона 2024/25 темата во домашната FIRST LEGO-лига беше „Истражување на океаните“. Океаните се срцето на глобалниот екосистем, а учениците имаа можност да создаваат решенија за зачувување и одржливостна океанските ресурси. Учествуваа23 тимови од цела Македонија, од 16 државни училишта од Скопје, Битола, Штип, Кочани и Тетово, што претставува најмасовен настан досега. Повеќе од 500 ученици и ментори со својата енергија, знаење и креативност покажаа што значи да се биде дел од иднината!

Но тимот од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје се издвои со извонредна тимска работа, посветеност и иновација, освојувајќи високи резултати во сите четири категории:

 Роботска игра – Стратегија, прецизност и брзина!

 Роботски дизајн – Инженерска креативност и техничка изведба!

 Основни вредности – Тимски дух, почит и соработка!

 Иновативен проект – Визија за подобра иднина!

Победничкиот тим на ООУ „Александар Македонски“ беше составен од Давид ГаловскиЈордан ГеоргиевскиЕлена СтанчевскаМеглена ПоповаМатеј АмбаровскиНиколина БогданоскаМарко МедиќКалин ФлоровскиИван АврамовскиМихаил ЧичевскиЈован ЃоревскиЈована УжевскаМарко Стојаноски и Георгина Димовска.

„Со ова победанашите млади генијалци покажаа што значи посветеност, неуморна работа и тимски дух. Во изминатиот период, тие вложија безброј часови во тестирање, дизајнирање, програмирање и стратегија. Но, зад секој успешен тим стојат инспиративни ментори и наставници, кои го предводеа тмот како најголема поддршка и мотивација: одделенските наставници Благица КузманоскаСнежана Андреевска и Елена Маневска, наставничката по техничко образование и информатика, Надежда Јордановска, наставничката по математика, Татјана Ушинова, наставничката по историја и општество, Рената Тодороска Ѓорѓиевска и наставничката по етика, Сузана Станковиќ-Стефановска. Голема благодарност и до директорката Маја Буклеска, која ја препозна оваа идеја и овозможи реализација на оваа едукативна роботика во училиштето! Нејзината поддршка беше клучна за овој голем успех!“ – велат од тимот на „Philips Revolution“ од ООУ „Александар Македонски“.

НЕОПХОДНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ПАТУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ

Ова училиште ќе биде единственото од Македонија кое ќе учеството на Светскиот шампионат. Нивниот успех е доказ дека македонскиот талент и потенцијал се рамноправни со глобалните стандарди. Ова патување во Грција е повеќе од натпревар – тоа е момент што ќе ги обликува како лидери на иднината! За сите млади лица ова не е само натпревар но пат кон иднината! 

Токму затоа е неопходна и финансиска поддршка од домашните институции, но и индивидуалци како начин за неопходно покривање на патните трошоци, котизацијата за натпреварот или сместувањето.

„Секој придонес ќе ни помогне да ја исполниме оваа голема мисија и да го донесеме нашиот тим на светската сцена“.

СЕКОЈА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЌЕ БИДЕ ДОБРЕДОЈДЕНА:

Уплатата можете да ја извршите на следната сметка:

Банкарска сметка: 250-0010040672-87

Банка: Шпаркасе Банка

Назив на правно лице: Академија за роботика и иновации

Цел на дознака: спонзорство за учество на светски натпревар во FIRST® LEGO® лига Грција

Модел: PP30