Orto Parisi, колекција на парфеми инспирирана од мирисите на животот: телото и земјата

Orto Parisi е проект кој е основан од Alessandro Gualtieri, креатор познат по својот личен бренд –Nasomatto (“Лудиот Нос“).

Ова е колекција на парфеми инспирирана од мирисите на животот: телото и земјата, градината во Пуља („orto“ на италијански значи градина“) во која креаторот ги поминувал летата со својот дедо, чие име е Vincenzo Parisi. 

Orto Parisi го доживува нашето тело како градина, а неговите мириси како огледало на душата. Префинети и софистицирани, овие парфемски екстракти ги репродуцираат природните мириси на телото од кои сме се одвикнале, затоа што вишокот душа стана неподнослив до таа мера што нашиот природен анимализам стана потиснат од цивилизацијата. Секое шишенце на парфеми е украсена со единствено капаче, направено од материјал кој е поврзан со темата на мирисот.

Cuoium

Во чест на знаењето на предците поврзано со кожните занаети, Cuoium е моќен мирис кој го комбинира карактерот на кожата со топлината на темјанот и сладоста на темјанушката, оживеана од цитрусната свежина на мандарината. Мирисот е нагласен со рѓосано метално капаче, обложено со кожено лого. Меѓу парфемите на Orto Parisi, Cuoium е единствениот мирис што се продава со отстранлива кожена обвивка.

*ПР објава