Оштетен Ламборџини се продава за неверојана цена
Дали би купиле автомобил кој е на парчиња за овие многу пари?
На огласите во Америка се појави Lamborghini Urus, кој беше тешко оштетен и кој сè уште има висока цена од 110.000 долари. За овие пари, можете да купите сериозни нови автомобили, па дури и да половни суперавтомобили, но сепак, огромен број луѓе излегоа по повод оваа реклама да купат крајно оштетен Urus .
Цената на овој автомобил- нов е околу 200.000 долари, но кога ќе вклучите опремата и спортските пакети, тогаш овој автомобил излегува дека е околу 240 000 долари, што значи дека уништениот Urus е „многу поевтин“.
Овој Ламборџини има поминато само 1200 километри, пред сопственикот да го купи, а бидејќи може да се санира по цена од 50.000 долари, тогаш тоа значи дека купувачот на овој автомобил ќе има можност да заработи многу убави пари, доколку реши да го продаде овој автомобил по поправките.