Осигурување на домот почнувајќи од 49 денари месечно за корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу ЈП Водовод и канализација – Скопје и Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје, се пристапи кон реализација на активности во насока на проширување на палетата поволности за корисниците на услугите на двете компании.
Имено во тек е акцијата со која се овозможува осигурување на домот со промотивни цени-почнувајќи од 49 денари месечно, само за корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Корисниците на услугите на претпријатието можат да ја искористат оваа можност и да добијат подетални информации со јавување на телефонскиот број 15 599 или во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје е поставен инфо пулт на Кроација Осигурување АД – Скопје, каде корисниците на услугите на претпријатието, секој работен ден од 09 до 15 часот, имаат можност да добијат детални информации за осигурителните пакети, но и можност веднаш да пристапат кон активација на нивната осигурителна полиса.
Со полисата за осигурување на домот, инвестирате во вашата безбедност и сигурност, затоа, заштитете го вашиот дом на време – купете полиса за домаќинско осигурување.
ПР објава