„Оскар“ на машки начин: Стилска доминација на актерите
Иако познатите женски холивудски ѕвезди кои беа на доделувањето на „Оскарите“ во неколку наврати се пожалија дека жените на овој фестивал многу малку се застапени кога се во прашање номинациите, сепак, мажите доминираа секако! А, најмногу модно. Вистинска стилска офанзива на машки начин. И иако повеќето во популарните „пингвин„ костуми, малите детали ги направија бескомпримисно посебни. Не е тајна дека светскиот моден дизајнер Армани облече најголем дел од актерите, но секој на различен начин ја презентираше одмерената и умерена креативност.
Бред Пит воодушеви со кадифе, Ди Каприо инспирираше со елеганција, Том Хенкс создаде магија од златната ера на Холивуд, а Жоакин Феникс одеше на сигурна, но проверена варијанта. Се разбира, имаше и остапување од дрес кодот на „Оскарите“, но правилата се тука за да се прекршат. Па така, Тимоти Шаламе донесе со себе врвна спортска елеганција но така добро усогласена, што може да се каже дека се одвои од се’ останато...
А, нашата екипа од „Медена земја“ содветно парираше на настанот. Машкиот дел беше на ниво на задачата и секој поединечно изгледаше одлично во креации на Кокев.
Во продолжение, дел од актерите кои со својот изглед создадоа слика на џентлмени од новата ера:Бред Пит
Леонардо Ди Каприо
Том Хенкс
Тимоти Шаламе
Жоакин Феникс
Таика Ваити
Роберт Де Ниро и Ал Пачино
Марк Руфало
Екипата на „Медена земја“