Османи се врати на местото на успехот, Шкендија е повторно предизвик во неговата кариера

Ќатип Османи официјално се врати на клупата на Шкендија, тој е во старата добра средина, каде се чувствува како дома.

Шкендија со  Османи на клупата имаа супер резултати, освоија три титули, во 2011, 2018 и 2019 година. 

„Шкендија е клуб во кој ги имав најубавите моменти во мојот живот, убаво е да се биде повторно тука, навистина сум среќен сум, но и знам што не очекува оваа сезона, и што се бара од мене. Напорна работа, посветенеост,  за да дојдеме до остварување на своите цели, и знам дека може да успееме“ - изјави  Османи.