Останете во форма и покрај седењето дома во време на пандемија

Вежбањето докажано го подобрува физичкото и менталното здравје, како и расположението. Во последните месеци, поради пандемијата која сѐ уште е во тек, голем број луѓе кои беа активни во теретаните и студијата за вежбање, физичката активност ја преселија во својот дом. Зошто се важни вежбањето и физичката активност и зошто треба да останеме активни и покрај секојдневните предизвици, ни потенцира Стефанија Несторовска, девојката зад @snestorovskaa и snestorovska.com.

„За мене вежбањето е highlight на денот. Веќе 6-7 години редовно вежбам, дома или во теретана, во просек 5 до 6 пати неделно. Сметам дека физичката активност ми влијаепозитивно на целокупното здравје и тврдам дека нема подобро чувство на олеснување и задоволство како после добро интензивно потење. На мојот Instagram профил и блог се стремам да го приближам здравиот начин на живот, што за мене претставува вкусна здрава храна и редовно вежбање, кон што повеќе луѓе и да ги поттикнам да направат позитивна промена за своето здравје.“ – вели Несторовска.

Според неа, останувањето во форма и за време на подолгиот период поминат во домот подразбира пронаоѓање лична мотивација за физичка активност, конзистентност во вежбањето, се разбира во согласност со индивидуалните можности и промена во начинот на исхрана. Вежбањето не е само активност потребна за одржување или постигнување на посакуваната тежина и изглед, тоа е начин на живот, најдобра грижа за себе и благосостојба на целото тело. Стефанија тврди дека не се потребни ниту скапи реквизити, ниту посебни услови за вежбање дома, само треба упорност, малку имагинација, решителност и посветеност да ја започнете приказната за подобра верзија од себеси.

„Вежбањето дома може да биде еднакво успешно како и во теретаните. Важно е да го слушате вашето тело кога е доста, да го прилагодите темпото, но никогаш да не се откажувате. Ако не можете некоја вежба да ја направите веднаш, по неколку дена активно вежбање ќе успеете, но најважно е да не се откажувате. Без разлика дали ќе се одлучите за брзи и ефикасни пилатес вежби или високо-интензивен тренинг, кои може да ги најдете онлајн, до џогинг на воздух во парк, дури и 20 минути се доволни за да придонесете во подобар self-care и здравје.“ – продолжува таа.

Уште еден важен аспект од останување во форма е здравата храна. За Стефанија здравата храна не може да биде долгорочно присутна во животот на една индивидуа без да биде вкусна. Таа се води по филозофијата дека секој организам е различен, на секое тело му одговараат различни намирници и начини на исхрана.

„За да можеме да се храниме здраво на долг рок мора храната што ја консумираме да ни се допаѓа. Инвестирајте во здрави намирници, во намирници кои не ви го оптоваруваат стомакот, проценете што вашето тело лесно може да свари, што ви предизвикува надуеност и кој вид храна ви создава потешкотии. Омилените оброци може да се подготват со здрави намирници, без додадени шеќери и ќе се изненадите бидејќи ќе уживате во вкусот со силна желба да научите сѐ повеќе здрави рецепти, да експериментирате во знак на добро за вашето тело. Да напоменам, секогаш обрнете внимание на составот на производите. Додадените шеќери и непотребни состојки се big NO.  Доколку ви требаат идеи и помош за сето ова мојот профил и блог се тука за вас. – советува Стефанија.

Останете безбедни и заштитени, но во исто време здрави и физички активни за време на пандемијата. Следи и бонус совет од Стефанија:

„За време на пазарувањето и набавката на намирници, реквизити за вежбање или (мојата опсесија) квалитетна спортска опрема, не заборавајте да платите со незаменливата HalkPayапликација, која вашиот Android смартфон го претвора во паричник и овозможува брзо и безбедно плаќање. Плус, во тек е HalkPay наградната игра која има навистина вредни награди за сите.“ – завршува Несторовска.


Вонаградната игра, ШОПИНГ ПОБЕДА, право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на Халкбанк АД Скопје и се корисници на Mastercard дебитни и/или кредитни платежни картички за физички лица (Mastercard Debit Contactless, Mastercard Standard, Mastercard Contactless, Mastercard World) издадени од Халкбанк АД Скопјe.Платежните картички потребно е да се дигитализирани во мобилната апликација HalkPay и корисниците, со нив, да имаат направено валидна трансакција преку користење на истата.

Играјте за вистинска победа од 15 смартфони, 10 ваучери за велосипеди, 6 Garmin часовници, 1 електричен велосипед!


ПР објава