Осум се: Машки парфеми кои ќе мирисаат во текот на целиот ден
Не постои ништо слично
како пронаоѓање на
парфем што навистина сакате да го носите и ништо што може да ве разочара повеќе
од фактот дека токму тој совршен мирис испарил по час или два…
Ова обично се случува со мириси кои имаат помала концентрација на парфемско масло – се‘ што е категоризирано под Eau de Parfum, многу лесно може да „испари“. Номенклатурата на светот на парфемите може да биде збунувачка, особено затоа што ние го користиме терминот колонска вода многу години кога опишуваме мириси за мажи, додека мирисите за жени се опишуваат како парфеми. Но, ЕДП обично има концентрација на парфемско масло во опсег од 10 до 20 проценти, додека ЕДТ - тоалетна вода - има од 5 до 10, и ЕДЦ - Келнска вода - три до пет проценти.
Дури и во овие граници, некои EDP може да траат со часови и да се шират околу вас, додека други испаруваат и мирисаат многу само кога некој навистина ќе ви се приближи. Од таа причина, многу луѓе го прескокнуваат EDP и го купуваат следниот производ на скалата - парфеми. Тие понекогаш се карактеризираат како екстракти од парфем, чист парфем или парфемско масло, а кога станува збор за опсегот на концентрација, бројката запира некаде помеѓу 30 и 40%. Поради оваа причина, тие траат подолго на вашата кожа и затоа се поисплатливи од другите опции, иако тие всушност чинат повеќе.
За жал, многу брендови не прават парфеми од врвна класа или не ги создаваат во навистина ограничени изданија, но оние за кои тоа е главната филозофија имаат лојален фан култ, со добра причина. Ова се најдобрите машки и унисекс парфеми кои ќе останат на вашата кожа во текот на целиот ден, давајќи ви енергија да бидете најдобрата верзија од себе во секое време.
CREED ROYAL OUD
BYREDO NIGHT VEILS REINE DE NUIT
STRANGELOVE DEADOFNIGHT
MAISON FRANCIS KURKDJIAN PARIS BACCARAT ROUGE 540
KRIGLER LIEBER GUSTAV
ROJA DOVE ENIGMA POUR HOMME
AMOUAGE INTERLUDE 53
NISHANE HACIVAT
Извор и Фото: muskimagazin.rs/ScentBox Blog