Освета вредна милион потписи: Да добие отказ и поранешната сопруга на Џони Деп
Откако актерот Џони Деп, поради изгубената пресуда против британскиот таблоид „The Sun“, кој објави дека ја злоставувал поранешната сопруга Амбер Херд, мораше да си даде оставка и да се откаже од улогата во филмот „Fantastic Beasts“, неговите фанови сега повикуваат истото да важи и за Амбер.
Петицијата, која започна да кружи по социјалните мрежи, собра повеќе од милион потписи за да ја отстрани Амбер Херд од актерската екипа на филмот „Aquaman“, во кој таа го игра ликот Меру.
Петицијата стана една од најпопуларните и најпотпишаните петиции досега, и многу фанови сметаат дека на Деп му е направена голема неправда и сакаат да ја поправат на овој начин.
Бидејќи „Warner Bros“ стои зад двата филма, многумина сметаат дека би било фер да се отпушти и актерката. Луѓето веќе започнаа да пишуваат предлози за нејзина замена на Интернет, и се чини дека мнозинството во улогата би сакале да ја видат Емилија Кларк, која се прослави со улогата на Денерис во „Игра на тронови“.