Откако беше суспендиран од Инстаграм, на Канје Вест му беше забрането и ова

Контроверзниот рапер Канје Вест доби забрана за присуство на Греми наградите, потврди неговиот медиумски претставник, пишува магазинот People.

Одлуката да не се појави на доделувањето на наградите е донесена поради неговото однесување на Интернет и фактот што неговиот Инстаграм профил неодамна беше суспендиран, поради несоодветни објави.

Имено, Канје во средата беше суспендиран од популарната социјална мрежа поради кршење на политиката на платформата за говор на омраза, вознемирување и малтреирање.

Канје наводно користел расни навреди за да го опише водителот на Дејли шоу, Тревор Ноа, кој неодамна ја критикуваше веста за јавно малтретирање на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан за време на процесот на развод. Затоа Инстаграм ја отстрани содржината од профилот на раперот и го ограничи неговиот профил на објавување, коментирање и испраќање директни пораки во рок од 24 часа.

Оваа година, Вест беше номиниран за пет Греми, од кои четири се за неговиот 10-ти студиски албум „Донда“, објавен во август 2021 година: најдобра рап песна, најдобра мелодична рап изведба, најдобар рап албум и албум на годината.

На почетокот на овој месец, Вест објави спот за неговиот сингл „Eazy“, во кој го илустрираше сегашното момче на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Имено, во видеото се појавува анимираниот Пит Дејвидсон, кој бил киднапиран, врзан, а на крајот и закопан. Многумина беа згрозени од постапката на Канје, па веројатно тоа е една од причините поради која доби забрана за настап на Греми наградите.


Фото: профимедиа