Oткри детали за близнаците: Џорџ Клуни oтворено за семејството
Некогашниот вечен ерген Џорџ Клуни, рипна во тавче со атрактивната убавица Амал. Тие се во брак 6 години, и се трудат дас си го живеат животот далеку од очите на јавноста.
Актерот, Џорџ Клуни во американската емисија „Today“ , одлучи отворено да зборува за своите близнаци, Александер и Ела.
Тој не криеше воодушевување за своите наследници и гордо изјави дека близнаците кои имаат три години совршено ја знаат азбуката на англиски и на италијански јазик.
- Тие се добри и среќни деца. Многу се смеат и уште од сега се немирни. Ставаат путер од кикирики на своите чевли и тоа им е многу смешно“, открива Клуни и додава: „Иако се близнаци, тие се сосема различни, но многу се паметни и забавни. Уште од сега ја знаат азбуката на италијански и на англиски јазик, а тоа ни јас не го знам“, изјавил славниот актер.
Фото: Инстаграм/
ggeorgeclooney.official