Откри кое место е оаза за неговиот душевен мир: Панчо ДНК за местото на кое магијата никогаш не сопира

Владимир Блажев или попознат како Панчо ДНК е еден од најактивните музичари на социјалните мрежи. Постојано споделува моменти од својот професионален, но и од својот приватен живот.

Освен што можеме да видиме дека поминува време со своите деца, дека спортува, исто така Панчо откри дека периодов често оди во студиото на својот соработник и пријател, Лазар Цветковски.

Оттаму, сподели неколку фотографии, кои ги поткрепи со интересен опис, од кој никој нема да остане рамнодушен.

„Ова магично место е оазата на мојот душевен мир, каде излагаат сите мои емоции преточени во музика и искрени текстови. Место каде магијата никогаш не сопира, каде мојата душа се спојува со иљадници луѓе и фанови кои ја делат истат среќа, болка, радост или тага преку единствениот универзален јазик на планетата, Музиката. Благодарен и воедно пресреќен на мојот брат Лазар Цветковски што толку добро ме познава и секоја моја емоција знае да ја преточи во нота и аранжира малтене како да зборува наместо мене.

Сите имам своја ДНК, а јас пак во мојата имам таква која од секогаш ме терала да ги сака оние луѓе кои ме мразат, но благодарение на таквите станав подобар човек.“ - напиша Панчо покрај фотографиите.

View this post on Instagram

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)